СКАНДАЛОЗЕН ПРОПУСТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Недостасуваат речиси 40.000 учебници низ цела држава, МОН и Владата молчат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата учебна година не почна еднакво за сите ученици во Република Македонија.

Поминаа два месеци од почеток на школската година, а недостасуваат речиси 40.000 учебници низ цела држава, во скоро сите основни училишта.

Додека голем број на ученици немаат од што да учат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат, од Владата и Министерството за образование и наука немаат одговор за овој скандалозен пропуст или било каква реакција.

ВМРО-ДПМНЕ пред речиси еден месец ги повика надлежните институции да одговорат „Зошто е ваква катастрофална ситуацијата во образованието“,  но повратен одговор од МОН не се доби.

Од друга страна, СДСМ секој ден се повеќе покажува дека не се грижи за децата и нивната иднина. Тие во својата програма ветуваа подобри услови за учениците, а се што направија во делот на образованието беше укинување на капитални објекти градинки и училишта. Исто така сите проекти кои се наменети за подобрување на образованието, а беа предвидени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на СДСМ сега се скратени или блокирани.

Ваквото однесување е недозволиво зошто наближува полугодието, а учениците нема од што да учат. Тие треба да следат настава, додека од друга страна тие деца треба да бидат испитани, а нема од каде да читаат и да го подготвуваат материјалот.

Учениците и родителите се загрижени, наставниците и професорите не знаат како да постапат, а Владата сериозно си поигрува со иднината на учениците.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This