СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА: Македонија останува без свој претставник на „Оскар“ поради одлуката на Комисијата да го блокира филмот „Златна Петорка“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филмот „Златна Петорка“ кој ја обработува животната приказна на петте струмички студенти кои во 1951 година беа застрелани од сојузната УДБА поради идејата за независна Македонија, денес е блокиран од страна на Комисијата на друштвото на филмски работници да земе учество на доделувањето на најпрестижната филмска награда „Оскар“

 

Срамната одлука доаѓа по средбата на режисерот на филмот и екипата од продукцијата „Револушн“ со Зоран Заев, кој и покрај ветувањата не реагира на скандалозната одлука на Комисијата, оставајќи ја Македонија без свој претставник на најпрестижниот филмски фестивал во светот.

По тој повод се огласи и режисерот на филмот Горан Тренчовски на својот ФБ профил.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] КОЈ Е ГЕНЕРАТОРОТ НА ОВОЈ СКАНДАЛ?
(Реакција по повод обидот за стопирање на понатамошниот живот на долгометражниот игран филм „Златна петорка“)
Почитувани, во кој век живееме ние? Дали сме уште 1951 или сме 2017 година? Каде сме? Каде одиме? Човек да се чуди и да не може да докаже дека црното е црно, а белото бело. Дали со овој варварски чин на негација нѐ очекува жесток наплив на инфлација на духот и недостиг на морал во оваа наша Македонија?
По повод меѓународниот успех на „Златна петорка“ вчера, на негова покана, имавме официјална средба кај Премиерот на Владата на РМ, г-динот Зоран Заев и ние му благодариме на неговите искрени честитки и срдечната поддршка.
Со неодамнешната скандалозна одлука на Комисијата на Друштвото на филмски работници, Македонија да нема претставник за Оскарот, не сме само ние тие што се навредени, оштетени и осуетени. Со оваа налудничава одлука ќе ѝ биде нанесена огромна штета на државата во регионот и пошироко.
По првичните лавини од реакции, одлуката можеби требаше веднаш да се поништи и Комисијата да се прошири со имиња со поголемо искуство и со повисоки стручни квалификации.
Надеж има уште, законски конечната одлука до Американската филмска академија треба да се прати до утре.
Но за жал, длабоко сме повредени сите ние кои сме на некој начин дел од филмот, вклучувајќи ги и публиката, помагачите на филмот, блиските на петтемина студенти…
Не ни преостанува ништо друго освен на демократски начин да се бориме против сиви еминенции и немилосрдни ѕверови кои беспоштедно сакаат да го негираат нашиот аргументиран и евидентен успех.
Овој пат тотално промашиле: процениле дека сме „глупави“, „прости“, „необразовани“, „без никакво CV“, фестивалите и државите каде настапуваме „не чинат“, селекторите и жиријата исто така, а нашето дело „нема естетски и наративен“ квалитет. Демек, се срамат да ги претставуваме во трката за Оскарот.
Па зар успехот со „Златна петорка“ не е и нивен исто така?! Или тие овој проект не го сметаат за свој?
Бараме да ни се извинат јавно, а тие ни праќаат тајни пораки да замолкнеме.
Апелираме до Претседателот на државата, Владата, Парламентот, Министерството за култура, странските амбасади и меѓународните организации во Македонија, до МАНУ, академската средина, стручната јавност и медиумите, да се вклучат во разрешувањето на овој скандал и, конечно, да се лоцираат виновниците, да се признаат грешките и да се поднесе одговорноста.
Бараме Агенцијата за филм на РМ на чело со в.д. директорот Горјан Тозија да застане на страната на продуцентите, во одбрана на филмските проекти. Македонија вложила финансиски и креативно во филмовите и ние треба да имаме претставник за Оскарот.
Да се разоткрие по кој систем на елиминација тие со години наназад избираат или не избираат кандидат за Оскарот. И колку притоа има или нема создавање на нефер и нелојална конкуренција, конфликт на интереси, завист, злоба, дискриминација…
Многу работи фрлаат сомнеж врз тоа кој е генераторот на скандалот. Покрај навредата, тие ни предизвикуваат и несразмерна штета, рушејќи го нашиот јавен углед и негирајќи го успехот на филмот „Златна петорка“.
Почитувани, оваа битка е тешка, но знаеме дека правдата е на наша страна, уште од првиот момент.
Енигмата во овој скандал е повеќе од јасна: како може цел свет да нѐ признава, а ние да се ништиме?!
Ова е, меѓу другото, обид за класична цензура и бараме општествена одговорност од инволвираните.
И никогаш повеќе да не се повтори такво нешто!
Со почит,
Продукција „Револушн“ – Скопје – пишува Тренчовски во реакцијата објавена на неговиот ФБ профил.[/kopa_block_quote]

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This