Скандалозно: Советник од СДСМ во Штип физички нападнал директор на ЈП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ повторно во недостаток на аргументи посега по насилство.

tupanica-1-640x361

Денес советот на општина Штип на вонредна седница која ја одржал по барање на советничката група на СДСМ, го разгледуваше извештајот на ЈКП Исар Штип за состојбата со невремето која ја зафати општината.

Директорот на ЈКП Исар Штип, Ангел Бојаџиев, откако ги образложил активностите на претпријатието, ги посочил и одредени функционери од СДСМ на локално ниво со име и презиме кои не ги плаќале комуналните давачки кон општина, кои се основни за работа на општинското комунално претпријатие.

Меѓу посочените бил и советникот од СДСМ Мики Тодоров, кој патем е и секретар на ОО СДСМ Штип, кој најпрво го попречувал директорот, а потоа и во ходниците на зградата на општината физички го нападнал и му нанел повреди.

Случајот е пријавен во полиција.

Од СДСМ Штип молчат за насилството на својот партиски функционер. Оваа не е првпат СДСМ во очај да напаѓа и тепа политички неистомисленици. Ова е начинот на кој СДСМ ја поима демократијата и демократските вредности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This