СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ ОД СДСМ: Зголемената акциза на нафтата нема да ги погоди сиромашните, тие немале автомобили!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека зголемувањето на акцизата негативно влијаело врз буџетот на секое семејство. Владата ваквата одлука ја донела во погрешно време кога расте цената на нафтата на светските берзи.

 

Според пресметките на опозицијата повисоките цени на дизелот прави штета од околу 40 милиони евра врз индустријата и транспортот, цената на горивата скокнала за 30%, а трошоците на индустријата за една година ќе се зголемат за 5,5 милиони евра.

-Вкупните дополнителни трошоци од покачување на акцизата со кој ќе ја намалиме конкурентноста на македонскиот транспорт и ќе ги зголемиме трошоците кои ќе влијаат директно врз трошоците на производство врз трошоците на финалните производи за консумација на граѓаните и за трошоците на патниот сообраќај, рече Драган Цуклев, ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот на опозицијата не ја доби поддршката од мнозинството во првото читање во Комисијата за финансирање со образложение дека повисоката акциза не влијае врз сиромашните.

-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, нагласи Мира Стојчевска, СДСМ.

Со зголемувањето на акцизата, според власта, буџетските приходи ќе се зголемат за 30 милиони евра, пари кои ќе се наменеле за инвестиции во здравството и образованието.

Извор: Алсат

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This