СКАНДАЛ ОД МЕЃУНАРОДНИ РАЗМЕРИ: Рекетарите на СДС барале пари и од продуценти во Хрватска, објавени Вибер пораките на Тозија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

В.Д. Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија прави рекет и невиден терор кон продуцентите на „Јадран Филм“, тврди ексклузивно за Алфа главниот продуцент Винко Грубишиќ на серијата „Македонија“. – пренесува Алфа ТВ

В.Д. Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија прави рекет и невиден терор кон продуцентите на „Јадран Филм“, тврди за Алфа главниот продуцент Винко Грубишиќ на серијата „Македонија“, откако македонската Влада го стопира финансирањето. Според Грубишиќ очекувано било да се случи вакво нешто, бидејќи месеци наназад Тозија им вршел, како што вели, терор додека било договарано снимањето. Ги  демантира сите информации кои ги изнесе Тозија дека се исплатени огромни суми на пари, а не е сработено ништо.
Хрватскиот продуцент потврдува дека в.д.Директорот Тозија побарал да се случат промени во серијата за истата да продолжи. Грубишиќ вели на 25-ти септември до Агенцијата за филм доставиле писмо во кое понудиле и финансиска гаранција дека договореното се реализира. Тозија негира дека се сретнал со продуцентскиот тим, но Грубишиќ за Алфа сподели фотографија од нивниот состанок, но и порака во која Тозија побарал од филмот да бидат исфрлени „националистички“ елементи затоа што тие и наштетувале на Македонија.
Го повика Тозија на јавно соочување за пред македонската јавност да ги види вистинските причини за стопирањето.
Јавното обвинителство денеска отвори и предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играна серија.
– Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање на материјални докази поврзани со севкупната постапка за снимање на играната серија. Во оваа фаза од постапувањето веќе е доставен дел од бараните докази, а побарано е и нивно дополнување, се вели во соопштението од Јавното Обвинителство.
Продушентот Винко Грубишиќ вели дека им стојат на располагање на македонските институции бидејќи нема од што да се кријат. Инаку промотивното видео за серијата од пред неколку дена веќе се споделува на Јутјуб, а има историска тематика но во исто време се испреплетува со настани од современото живеење.

 

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This