March 28, 2024, 11:09 am

СКАНДАЛ ПО СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА: Прво им дадоа пари иако не барале, па за малку не ги истепале кога побарале прием кај Алаѓозовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од скандал до скандал никако да сопрат случувањата во врска со срамната распределба на средствата од страна на Министерството за култура.

По скандалот дека се одобрени пари за „Бернис Пропаганда“, односно за нивен концерт за 27 април, за кој тие самите не знаат, еве што се случува.

-Дадовме изјава (за жал) за телевзија Телма кои пренесоа само 10% од нашата изјава во тенденциозно монтиран прилог кој ги прикрива нерегуларностите во министерство за култура. Денес не и се обраќавме на Македонска Филхармонија, туку на Министерството за култура, објаснуваат од бендот.

Тие велат дека приговорот бил насочен кон нелегитимното аплицирање на Конкурсот, кое Министерство за култура го одобрил.

– Условите се транспарентно пропишани во упатството на нивниот сајт кој вели дека апликација без согласностт или изјава на уметникот вклучен во проектот, нема да биде ниту разгледувани, а камоли одобрен. Од друга страна кога отидовме во Министерството и откако пробавме да побараме одговори и документација околу оваа непостоечка апликација не само што не ни дадоа одговор туку оние кон кои не упатија во просториите на Министерството ни кажаа дека не се запознаени со нашиот случај и не избркаа од зградата на Министерството со обезбедувањето кое е од Министерство за внатрешни работи. Откако по втор пат конечно успеавме да го верифицираме нашето барање повторно добивме нешто што е далеку од комплетна официјална документација. Одиме на трета среќа и правда, велат од бендот, а пренесува Антроплол.мк.

Токму за овие случувања пишуваа и медиумите во регионот.

Имено за концерт на македонската група Бернис Пропаганда се одобрени средства во износ од 276 илјади денари. Скандалот е во тоа што популарниот бенд воопшто не побарал ниту пари од министерството за проект, ниту пак побарал да настапува.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This