April 26, 2024, 12:18 pm

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Протест пред Владата на Р.Македонија во организација на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следете го во живо протестот на опозицијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Р.Македонија

На протестот повикаа низа на јавни личности, аналитичари, новинари, политичари сегашни и бивши, професори, академици…Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ цела година ја враќа Република Македонија назад. Ја враќа назад во секој поглед. Една година економијата е во стагнација, без никаков раст, една година државата е заробена, судовите работат по диктат, а институциите се злоупотребуваат од власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.– Граѓаните се разочарани од власта. Една година откако СДСМ е на власт, нема ништо од ветувањата за 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, поврат на 15% ДДВ, социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Се што вети СДСМ е голема лага. Граѓаните живеат полошо од пред една година. Платите паѓаат, цените на мало се зголемуваат. Количината на дизел која граѓаните можеле да ја купат со една просечна плата пред една година е за 120 литри помала денес. Нема ниту една капитална инвестиција, а јавниот долг надмина 5 милијарди евра. Милиони задолжување секој месец, а граѓаните не знаат каде завршуваат парите кои идните генерации ќе ги враќаат, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека додека сите се се посиромашни, се богати само Заев и картелот кој го води.

-За една година Заеви го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, влегоа во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“. Правната држава стана мисловен поим, а судството не одлучува по закон, туку по диктат на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Една година СДСМ е една година чемер и јад за граѓаните. Една година СДСМ е една година стагнација, неработа и безидејност. Република Македонија мора да продолжи по вистинскиот пат, СДСМ не е иднината која ја посакуваат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, кои се излажани од оваа недемократска и ненародна власт, на 2 јуни во 20 часот пред владата на голем протестен митинг против криминалот и корупцијата на власта, против аматеризмот во водењето на државата и расфрлањето со државните интереси, се заклучува во соопштението.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1576916105764567/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This