СЛЕДНИОТ КАЛИФАТ: Еве зошто Филипините можат да станат следниот калифат на ИСИС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат многу индикации дека ИДИЛ или ентитетите инспирирани од ИСИС ќе го обноват вооружениот конфликт на Филипините. Како што обично е случај, каде и да оди ИСИС, американската војска не е предалеку.

Не многу луѓе се свесни дека и покрај фактот дека Барак Обама доби Нобелова награда за мир тој бомбардираше најмалку седум доминантно муслимански држави на Блискиот Исток за време на неговото претседателствување, Тој исто така тајно ги напаѓаше Филипините. Се разбира, кампањата со дронови на Обама беше широко прифатена како една од најефикасните алатки за регрутирање на групите како што е ИСИС (патем, група која сега расте на Филипините).

Всушност, операцијата “Трајна слобода за Филипините”, која започна недолго откако се случи нападот на 11 септември на САД во 2001 година (и завршија во 2014 година), се смета за најголем антитерористички напор на САД на Пацификот.

Кога бунтот инспириран од ИСИС започна на Филипините минатата година ги наполни насловите страници, американската војска им помогна на властите на земјата во жестоко да одговорат. Шокирачки, претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, всушност, ја одобри повторната вклученост на Америка во својата земја иако долго време сигнализираше поголема желба да се одврати од САД и да се фокусира повеќе на обнова на односите со растечките гиганти Русија и Кина.

Се чини дека Дутерте би преферирал било каков начин да се бори против екстремизмот во неговата земја, освен да се потпира на американската војска. Тој дури предложи да ги вооружат цивилите со “оружје ” – стратегија која е премногу дива, дури и за некој како Доналд Трамп.

Како ИСИС воошто се најдоа на Филипините ќе одговриме накратко. Минатата година, главниот ентитет кој се бореше со силите на Филипините, всушност, не беше ИСИС, туку беше група позната како Мауте. Мауте е составена од поранешни членови на Исламски Ослободителен Фронт, герилци како и странски борци. Движењето всушност еволуирало од сепаратистичко движење со намера да формира независна исламска држава за филипинско муслиманско малцинство, кое веќе неколку векови се судира со власта на филипините која била шпанската, американската како и денес со филипинската влада.

Според информации протечени на Викиликс претставниците на Филипините се загрижени од финансирањето на тероризмот од страна на Саудиска Арабија што доаѓа на Филипините. Друга пак протечена информација на Викиликс потврди дека саудиските бизнисмени биле вклучени во прикривање на трансферот на средствата на Ал Каеда на злогласната група Абу Сајаф, која е одговорна за најголемиот терористички напад врз Филипините во поновата историја.

Се разбира, ние веќе знаеме дека Саудиска Арабија со години троши милијарди долари “инвестира во градењето џамии, медреси, училишта и сунитски културни центри низ муслиманскиот свет”. Еден сепаратист објаснува како на Филипините овие медаси се користат за да ги научат младите муслимани екстремистичка интерпретација на Коранот.

Соред протечените маилови на Хилари Клинтон Саудиска Арабија е еден од главните спонзори на ИСИС. Да не зборуваме дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман само јавно призна дека Саудиска Арабија навистина свесно го шири вахабизмот – истиот вид на исламот што ИСИС го шири за да го контролира целиот Блиски Исток, Северна Африка и Југоисточна Азија – но она што не беше познато е дека ова е направено по барање на западните сојузници на Саудиска Арабија, за да се спротивстави на Советскиот Сојуз за време на Студената војна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This