СНАЈПЕРИСТИТЕ ОД МАЈДАНОТ ГИ БАРАЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Грузиските снајперисти кои пукаа на Мајдан се криеле и во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во понеделникот во новинската агенција „Русија Севодња“ е одржана конференција за медиуми под назив „Вистината за пукањето на небесната стотина“. На 20. фебруари 2014. година на киевскиот плоштад Мајдан е отворен оган во кој загинаа 53 лица. Лидерите на опозицијата за пукањето го обвинија тогашниот режим на Виктор Јануковиќ, но официјалната истрага заврши во ќорсокак

На конференцијата присуствуваше уредникот на политичката редакција на РИА Новости, авторот на истрагата за грузиските снајперисти Андреј Веселов и дописникот на телевизијата „Русија 24“ и авторот на филмот „Мајдан: Технологија на превратот“ Ана Афанасијева.

Претходно Коба Неградзе и Александар Ревазишвили објаснија дека оружјете и наредбата да отворат оган го добиле од актуелниот шеф на Одборот за национална безбедност и одбрана на Врховната рада на Украина, Сергеј Пашински. Добиле наредба да пукаат и на демонстрантите и на полицијата. При што Пашински лично на снајперистите им обезбедил оружје, дотолку повеќе, самиот пукал од автомат.

Грузиските снајперисти кои учествувале во случувањата на Мајданот во моментот се наоѓаат во Ерменија, рече Андреј Веселов. Според неговите зборови, тие морале да ги бараат во различни земј. „Почнавме во Македонија, потоа баравме во Русија, Украина, Грузија и Ерменија“, истакна Веселов.

„Тие се плашат за своите животи. Обраќањето пред усдот и новинарите е обид овој случај да се огласи во јавноста и на тој начин да се заштитат“, вели Веселов. Некои од нив биле на Мајдан во состав на снајперските групи кои подоцна исчезнале, а за нивната судбина не се знае ништо.

Веселов напоменува дека, освен интервјуто, агенцијата располага и со протоколи од официјалното сослушување на Коба Нергадзе и Александар Реазишвили, кои се дадени на украинските адвокати Александар Горошински и Стефан Решку. „Тоа се официјални правни документи“, заклучува Веселов.

Ана Афанасијева најави дека нејзиниот филм ќе биде прикажан на 22. фебруари во четврток. Прв пат ќе бидат претставени заклучоците на канадскиот политички аналитичар, професорот Иван Качановски, кој четири години спроведува независна истрага за случувањата на Мајдан. Качановски, кој со сопствени методи ги проучува отворените извори, заклучува дека пукањето не започнало во 7 часот наутро на 20. фебруари, туку два часа порано. „Начуникот смета дека први кои загинале се беркутовци (припадници на специјалната полиција), а не демонстранти“, истакнува Афанасјева.

Учесниците на конференцијата за медиуми истакнуваат дека екс-претседателот на Грузија Михаил Саакашвили е итно депортиран од земјата токму во моментот кога требало да сведочи за грузиските снајперисти пред кеивскиот суд.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This