СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ: За неколку минути изгоре цела куќа, луѓето незадоволни од реакцијата на пожарникарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем пожар вечерва избувнал во скопската населба Лисиче.

Според првичните информации, зафатени се неколку куќи во близина на трговскиот центар.

Противпожарните екипи се на терен и работат на локализација на пожарот. Пожарот избил во куќа во која живее 8-члено смејство, со две мали деца.

Очевидци коментираат дека на противпожарната бригада и требало предолго за да пристигне на лице место, а пожарот не можеле да го изгаснат речиси цел час, коментирајќи дека се нестручни и партиски вработени.

Силен звук, по кој следувал и голем пожар, вечерва ги вознемирил жителите на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

Како што дознава Курир, пожарот избил околу 22 часот во куќа во која живее 8-члено смејство, со две мали деца, а ги зафатил и околните куќи.

Очевидци за Курир велат дека куќите се изгорени до темел, но за среќа нема повредени.

Пожарникарни возила, полиција, брза помош и екипи на ЕВН во моментов се на терен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This