СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА СО АНТИБАКТЕРИСКО ДЕЈСТВО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На семето од ким традиционално му се доделуваат лековити својства. Уште од дамнешни времиња чајот од ким се користел како средство за подобрување на варењето. Исто така чајот има и антибактериско дејство. И ден денеска луѓето го користат од иста причина, а неговата горчлива арома во комбинација со ливадски мед кој му го додавате по желба, го прави неодолив.

make-own-dried-herbs-ftr1

Чајот од ким се конзумира редовно, особено ако имате проблеми со варењето или со било кој дел од дигестивниот тракт. Тој има благотворно дејство врз целиот организам. Еве како правилно да го приготвите.

Потребни состојки:

– 1 лажица ким
– 250 мг. вода
– 1 голема лажица ливадски мед

Приготовка:

Кимот прелијте го со 250мг. врела вода и оставете да стои 5 до 10 минути. Додека водата е уште многу топла додадете една лажица мед, добро измешајте ја и покријте ја чашата. Оставете ја чашата да стои уште неколку минути, а потоа можете да го конзумирате.

Освен медот некои луѓе чајот од ким го сакаат и со малку млеко. Вкусот е карактеристичен, па затоа некои го сакаат некои не. Пробајте можеби вас ќе ви се допадне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This