„СОКОЛИТЕ“ СО ПЕХАРОТ НА ПРИЕМ КАЈ ЈАКИМОВСКИ: Општина Карпош ќе продолжи да го помага и поддржува кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освојувачите на Лимак Купот на Македонија 2017, кошаркарите на Карпош Соколи, денеска беа во посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

DSC_5180(1)

Повод за денешната средба беше минатонеделниот успех на „Соколите“, кои во неделното финале од Купот убедливо ги совладаа домаќините од Кавадарци, тимот на Фени Индустри со резултат 80- 69 и на тој начин заслужено стигнаа до првата титула во клупската историја, на јубилејот 20 години од постоењето на клубот. Првиот човек на локалната самоуправа им го честиташе големиот успех на кошаркарите и изрази големо задоволство, што токму тимот кој доаѓа од Општина Карпош направи ваков историски успех.

DSC_5215(1)

– Постојано од година в година напредувавме и сметам дека овој успех беше очекуван и неминовен. Локалната самоуправа и понатаму ќе го помага и поддржува кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“. Се надевам дека со континуиран труд и работа, заеднички ќе се израдуваме и на титулата во националната лига на Македонија – истакна градоначалникот Стевчо Јакимовски.

DSC_5231(2)

Во оваа пригода општинскиот татко потенцираше дека е особено горд што Карпош Соколи и МЗТ-Скопје, се единствените два кошаркарски клубови од Македонија, кои учествуваат во АБА – Јадранската лига. – Тоа значи поголема афирмација на македонската кошарка на едно повисоко регионално кошаркарско натпреварување, со што се зголемува рејтингот на македонскиот клубски спорт – додаде Јакимовски.

DSC_5204(2)

DSC_5231(2) DSC_5244 DSC_5295 DSC_5295 DSC_5375(1)

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This