СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВЕЧЕРВА КАЈ МАВРОВИ АНОВИ: Повредено едно лице, интервенирале и пожарникари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сообраќајна несреќа која се случила вечерва околу 21 часот на патот за Маврово, кај Маврови Анови, со повреди завршило едно лице. Според очевидци, возилото „опел корса“ со гостиварски таблици изгубило контрола и удрило во бандера, пренесува „Гостиварпрес“.

Во извлекувањето на повредениот од автомобилот интервенирале пожарникари. Со возило на Брза помош лицето е пренесено во гостиварската општа болница, каде што ќе ги утврдат видот и карактерот на повредите.

Повеќе информации се очекуваат од полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This