СОРОС ПРАВИ ПРЕДКАМПАЊА НА СДСМ: Кампањата „Ние одлучуваме“ противзаконски го поддржува СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членови на Комисијата укажале дека пораките од спотовите алудираат на пораки на партијата СДСМ и дека со тоа се нарушуваат одредбите на Изборниот законик со кои се регулира времетраењето и периодот на објавување на платените политички реклами

Нагласена поддршка за СДСМ има во кампањата „Ние одлучуваме“, која ја водат активисти од невладини здруженија, а која ја финансира Фондацијата „Отворено општество“. Ова го заклучиле членовите на ад-хок телото, односно од Привремената комисија за следење на медиумското претставување во предизборниот период во земјава.

Од Комисија ги повикаа здруженијата на граѓани да го почитуваат Изборниот законик во кампањите што ги водат во текот на предизборниот период. Реакцијата доаѓа откако телевизиите „Телма“ и „Алсат“ емитуваа спотови на фондацијата „Отворено општество Македонија“, како дел од кампањата „Ние одлучуваме“.

Кампања „Ние одлучуваме“

Тргнувајќи од обврската за почитување на Изборниот законик и обезбедување на позитивна клима за фер и демократски избори, Привремената комисијата ги повикува здруженијата на граѓаните и радиодифузерите да го почитуваат духот и словото на Изборниот законик. Привремената комисија го почитува правото на граѓанските организации да организираат кампањи од јавен интерес и едукација на граѓаните, но при тоа да обрнат внимание нивните пораки да не бидат идентификувани со пораките на учесниците во изборниот процес“, стои во соопштението објавено од страна на Агенцијата за медиуми.

Кампања „Ние одлучуваме“

За време на вчерашниот состанок, членови на Комисијата укажале дека пораките од спотовите алудираат на пораки на партијата СДСМ, и дека со тоа се нарушуваат одредбите на Изборниот законик со кои се регулира времетраењето и периодот на објавување на платените политички реклами.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This