April 26, 2024, 11:29 am

СОРОС ФИНАНСИРА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ТРАМП: Групи финансирани од Сорос стојат зад протестот Марш на жените против Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маршот кој во медиумите е претставен како масовен и како протест на жените против Трамп, истиот поддржан од бројни славни жени како Челса Хендлер, Америка Ферера, Унзо Адбуа, Скарлет Јохансон, Оливија Вајлд, во својата основа е финансиран од Фондацијата Отворено општество.

soros11

Маршот кој се води од паролата „Правата на жените се човекови права“ е промовиран со следново објаснување:

„Реториката на минатите избори навреди и се закани на многу од нас: мигранти, муслимани, они е со различна вера, ЛГБТ заедницата, црниците, луѓето со пречи во развојот, лица кои биле сексуално злоставувани..токму затоа нашите заедници се уплашени и повреден. Соочени сме со прашањето како да продолжиме понатаму во очи на националниот и интернационалниот страв.

Во духот на демократијата и во чест на луѓето кои се бореа за човекови права, чест и правда пред нас, ние се здружуваме преку различностите за да ја покажеме нашата бројност, која е толку голема и не може да се игнорира. Маршот на жените ќе испрати силна порака до нашата нова власт уште од првиот ден на нивната служба, а ќе испратиме и порака на светот, дека правата на жените се човекови права. Во ова сме задно, препознавајќи дека бранењето на најмаргинализираните групи е бранење на самите нас.“, пренесува Брајтбарт.

Активистите на ова движење, Глорија Стејнем и Хари Блафонте се во улога на почесни претседавачи.

Белафонте во 2005 година ја основала Група на правдата, која низ минативе години добива високи грантови од Фондацијата на Сорос Отворено општество.

Отворено општество исто така во Њујорк ги поддржува претставата на Белафонте која гласи „Ослободени“ и која се заснова на приказни за грешно осудени лица на смртна казна.

-Таа исто така е дел од одборот на т.н. „Напреден проект“ кој што е еден од 4-те приматели на пари, од групација основана во 2008 година со назив „Финансирање на изборна администрација“. Се проценува дека имаат оновчано околу 5,1 милиони од Сорос, пишува Брајтбарт.

Исто така, голем број од парнерите кои се дел од маршот, се финансирани од Сорос, како што се: Sierra Club, Amnesty International, MoveOn.org, NAACP, Green For All, Center for Constitutional Rights, Human Rights Watch, MoveOn.org, NARAL Pro-Choice, People for the American Way, and Planned Parenthood.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This