Зоран Заев вчера кога инспекцијата затвараше штандови, и се бркаа вработени во Прилеп, беше присутен на фестивалот на скарата и пивото.
Одлична можност за новиот премиер да присуствува на една беспрекорно организирана манифестација, која деновиве е опседната со инспекции од целата држава, како никогаш до сега. – пишува локалниот „Маркукуле.мк“
И додека граѓаните, посетителите, дуќанџиите и угостителите се гневни на новата влада и начинот на кој сака да го сруши фестивалот на пивото, кој е најголемото и најмасовното случување во државата, Заев со Мерцедесот пристигна во Прилеп – додаваат од Маркукуле
Дали премиерот е дојден да види како напредуваат инспекциите и затворањето на угостителите и дуќанџиите? – прашуваат прилепчани