СО 62 ПРАТЕНИЦИ МНОГУ РАБОТИ ЌЕ СЕ СМЕНАТ: Ако Заев смета со Тиранската платформа им расте рејтингот, нека го проверат тоа на избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку Заев смета дека со прифаќањето на тиранската платформа расте рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа

VMRO-DPMNE-za-web-696x371

 

Криминогеното раководство на СДСМ, предводено од аболираниот криминалец Зоран Заев тоне од ден во ден. Граѓаните ја прочитаа и сѐ помасовно и поенергично ја отфрлаат нивната антидржавна и антинационална политика, а тоа предизвикува огромна паника во СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на денешната изјава на Заев во која тој првпат ја спомена можноста да се одржат нови избори.

„Доколку Заев смета дека со прифаќањето на тиранската платформа расте рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа. Ако навистина освои поголем број на пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати волјата на народот. Доколку Заев смета дека теоретски немало ништо да се смени дури и ВМРО-ДПМНЕ да освои 62 пратеници, сакаме да му укажеме дека се лаже. Ќе се сменат многу работи. Тиранската платформа нема да биде предмет врз основа на која би се формирала каква било коалиција. Впрочем, и во преговорите со ДУИ прв чекор на ВМРО-ДПМНЕ беше укажувањето дека разговори врз база на тиранската платформа се целосно неприфатливи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This