СПАСОВСКИ ДА ПОДНЕСЕ ОСТВКА: Спасовски да понесе одговорност,11-ти ден од свирепата ликвидација на Јанушев, а убиецот е на слобода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

11-ти ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев. 10-ти ден по пукањето врз зградата на советникот на Заев, а одговорност за сторителите нема, обвинува Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако луѓе што брутално со оружје егзекутираат среде бел ден и после тоа 11 дена се на слобода, тогаш каква правда и каква заштита може да очекуваат граѓаните. МВР се стави во заштита на убиецот, кој е криминалец близок до врвот на власта, истиот според гласините кои кружат во јавноста и објавени во медиумите е и еден од сопствениците на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“, за која важи дека е блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев. Спорната „Омерта секјурити“ делува како партиска полиција на СДС, влегува по објекти, заплашува и изнудува. МВР со одолговлекување на истрагата овозможи убиецот да избега. Дали е ова одговорност само на потпретседателот Оливер Спасовски кој е министер за внатрешни работи или тоа го прави по наредба на Зоран Заев? Направени се сериозни пропусти во истрагата. МВР не превземала основни истражни дејствија и дејствија за спречување на бегство. МВР нема фото робот на убиецот, по кого трага, иако убиството е случено на сред бел ден на фреквентна локација и место на кое има повеќе безбедносни камери. МВР со своето неделување е директен соучесник и помагач во бегствотото на убиецот. МВР не само што не превземале нужни дејствија во текот на првичната фаза, туку и не распиша меѓународна потерница, вели тој.

Нацев прашува зошто е дозволено да избега сторителот на свирепо убиство и зошто МВР дозволи убиецот да смисли план за избегнување на правдата?

-Јавноста се повеќе зборува дека се изготвува сценарио за спас на вистинскиот убиец, со тоа што ќе се плати некој ситен уличен криминалец да ја превземе вината за свирепото убиство, наместо убиецот кој што е близок до врвот на власта.  Дополнително МВР деновиве врши целосен дефокус на јавноста која се погласно зборува за блиските врскио на убиецот со врвот на власта, па  истата превзема помпезни акции по ноќни локали кои завршуваат со избркани малолетници од дискотеки и пријави за гласна музика. Зошто ја потценувате интелегенцијата на граѓаните? Зошто сакате граѓаните при очи да ги правите слепи? Оливер Спасовски мора да понесе одговорност. Најмалку што може е да помогне полицијата да почне да си ја врши својата работа и да ги гони криминалците со тоа што ќе си даде оставка и ќе престане со опструкции, вели тој.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This