СПАСОВСКИ Е ЗАГЛАВЕН ДО ГУША: Единствен Оливер е виновен и одговорен за застреланите момчиња во Струмица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски е до гуша виновен за обидот на полицијата под негово раководство да убие две млади момчиња, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски не може да избега од одговорност. Залудно кутриот Павле Богоевски се труди да го брани. До вчера платеникот Павле Богоевски се трудеше да ги излаже граѓаните дека е борец против полициската бруталност, а сега изгледа тажно кога пукањето на полицијата раководена од Оливер Спасовски се обидува да го претстави како професионалност на ослободената институција. Затоа кутриот и неискусен Павле дава празни изјави од Жена Парк, наместо да ги посети момчињата во кои е пукано и да побара одговорност од Спасовски, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Секој што е малку поискусен и што има грам образ, се додава во реакцијата, знае дека неодговорното работење на Оливер Спасовски не се брани.

-Спасовски креира хаос во полицијата и затоа бега да се соочи и со децата кои се уште се на болничка нега и со нивните родители. Одговорност за пукањето врз момчињата мора да има и ќе има, се вели во реакцијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This