СПАСОВСКИ И СДС ГО КРИЈАТ УБИЕЦОТ ВЕЌЕ 10 ДЕНА: МВР објавува потерници и потраги за сѐ и сешто, но молчи за убиецот на Јанушев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И 10 дена по бруталната ликвидација на младиот фудбалер Мартин Јанушев пред сопствениот дом во скопски Аеродром, убиецот е се уште на слобода. Фактот дека МВР затаи и дека можеби го крие убиецот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обидува да го покрие со небулозни изјави дека „истрагата била во напредна фаза“.

Поминаа 10 дена откако 28 годишниот Јанушев брутално беше ликвидиран, а од убиецот се уште нема ниту трага, ниту глас, ниту пак распишана потерница, иако целиот град знаеше и зборуваше кој е сторител на убиството веднаш откако истото се случи.

Последна информација од МВР во јaвноста за овој случај излезе пред два дена, кога министерот Спасовски изјави дека „истрагата била во напредна фаза“.

– Имаме многу информации и податоци. Очекувам за многу скоро време да имаме и подетални информации и разврска на целиот овој случај. Меѓутоа сега во моментов не сакам да откриваме повеќе детали, коишто се како информации добиени и ги анализираме за истрагата, рече Спасовски.

Во јавноста се нема огласено никој од семејството на Јанушев, откако последна порака беше од таткото кој по погребот пиша дека „неранимајковци го убиле неговиот син“.

„Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“- со овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил. Тој постави и фотографија од вечниот дом на Мартин. Погребот на свирепо убиеното момче беше извршен во неделата на градските гробишта ,,Бутел“ во Скопје.

Од МВР нема ниту коментар, ниту информација околу пораката на вујкото на еден од инволвираните. Медиумите веќе пишуваа дека убиецот избегал за Србија и од таму испраќал фотографии, но иако МВР објавува потраги за сè и сешто, за ликвидацијата на Јанушев молчи.

Убиецот е на слобода, Спасовски да поднесе оставка

-Убиецот е се уште на слобода! Полицијата нема ниту фоторобот, ниту пак полицијата кажува со каков автомобил избегал и кој му помогнал во тоа! Целата јавност, целиот град, половина час после убиството веќе зборуваше кој е убиецот. Целата јавност веќе се сомнева дека блиските релации на инволвираните криминалци со највисоките функционери на власта имаат свој дел во ова. Потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски со својот молк и со своето непостапување, само ги потврдува стравувањата на граѓаните дека доколку си близок со врвот на раководството на партијата, можеш да избегаш и одговорност за убиство. Во јавноста се повеќе кружат информации дека сценаријата што се подготвуваат друг да ја преземе вината за грозоморното убиство. Се подготвуваат и се зборува дека убиецот не смее да одговара за своето дејство само за да не излезат на површина неговите блиски релации со криминалците од врвот на СДС. Затоа се говори дека се подготвува сценарио во кое наводно ќе се манипулира дека убиството било во самоодбрана. Треба јавноста да биде убедена дека жртвата посегнала по пиштол, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Нацев вели дека ожалостеното семејството веќе се прости од младиот фудбалер, а правдата ја нема ниту на повидок.

-Нема одговори за суштинските прашања зошто убиецот цела недела после ликвидацијата не е уапсен? Дали е во земјава или избегал надвор? Како избегал и кој му помогнал?         Граѓаните се прашуваат што може да ги снајде нив кога во ситуација на семејството на убиениот, и неговиот татко и неговиот брат се припадници во МВР. Граѓаните сметаат дека исто така има нешто нечисто и во пукањето кон  советникот од кабинетот на господинот Заев, се зборува дека и тој е човек со дебело криминално досие но тоа пукање не е сеуште расчистено. Се кријат мотивите и идентитетот на напаѓачите. Се крие дали истиот е поврзан со ликвидацијата на Јанушев. Молчат и медиумите и невладините организации.          Молчат, а со доаѓањето на СДС на власт, мафијата си доби своја држава. Крвта и вооружените пресметки се вратија на улиците исто како во 90-тите години. Граѓаните не се чувствуваат безбедни. Време е неспособниот министер Оливер Спасовски да си поднесе оставка, порача Нацев.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This