СПАСОВСКИ НАЈАВИ НОВА ОПРЕМА ЗА СООБРАЌАЈЦИТЕ: Секој 5-ти скопјанец возел пијан во ноќните часови – Спасовски најави нова опрема и ефикасност на полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси секој петти скопјанец викендов возел под дејство на алкохол, покажуваат резултатите од неколку одвоени акции на сообраќајната полиција на територијата на Град Скопје, изминатиот викенд. Од проверени 2335 граѓани, во 480 од нив е утврдено присуство на алкохол во крвта, а други 454 лица направиле некој сообраќаен прекршок.

Од МВР велат дека овие резултати се поразителни и покажуваат зошто се случуваат толку сообраќајни несреќи. За подобрување на ваквата состојба министерот Спасовски информираше дека е извршена набавка на нова опрема со цел зголемување на ефикасноста на полициските службеници.

Според планскиот пристап за континуираното намалување на сообраќајните несреќи, Спасовски најави дека од денеска засилените контроли продолжуваат во сите градови во Македонија.

Во меѓувреме продолжува црниот биланс на македонските патишта. Во последните 24 часа, едно лице го загуби животот, а едно четири годишно дете се здобило со тешки телесни повреди.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This