СРАМ И ЈАВЕН БЛАМ: Екипата на Заев претвори државна свеченост во јавен срам и блам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што јавноста го виде вчера во тунелот на автопатот Демир Капија – Смоквица е трагикомично, поточно повеќе трагично, изјави денес Никола Цветкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера екипата на Заев, предводена од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, државната свеченост за отворање на автопат ја претвори во циркус, срам и јавен блам. И тоа на проект кој тие не го изградија. Поточно СДСМ не е одговорна за работа, туку само во делот на славење. На оваа лакрдија не се знаеше ни кој пие, ни кој плаќа, ни кој тера чочеци, ама се виде кој плаќа бакшиш. Тоа беше директорот Китанов, вели Цветковски.

Тој додава дека ова е срам невиден, дно.

-Ова не беше доволно, па дел од кич славјето се најдоа и двокатните панорамски автобуси, по претходна дозвола на градоначалникот Шилегов, кој превезуваа партиски славеници на СДСМ. Запазете во истите тие автобуси кои СДСМ секојдневно ги критикува. Во центарот на прославата беше токму директорот на ЈП Државни Патишта Китанов. Видовме како ја предводи групата славеници и дели пари на музиката. Човекот кој треба да изгради 600 километри нови автопати, како што ветуваше Зоран Заев во кампања, дели пари како бакшиш наместо да гради патишта. Еве на ова се сведе стратегијата на СДСМ за инвестирање во инфраструктурата, посочи Цветкоски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This