April 19, 2024, 11:24 pm

СРБИЈА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ ПО ОДНОС НА ИМЕТО: Активностите на Заев против Србија, се директно спротивни на неговите претходни изјави и ветувања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ порача дека Србија би можела да го промени ставот по прашањето на името на Македонија

Тој ова го изјави денес, по најавите од Зоран Заев дека официјално Скопје ќе го промени ставот во врска со воздржаноста при гласањето за членство на Косово во УНЕСКО.

„Доколку Македонија навистина гласа за прием на Косово во УНЕСО, иако е свесна колку тоа ја погодува Србија и српскиот народ, ќе му предложам на претседателот на Вучиќ, Србја во однос на името под кое ја признавме Македонија, исто така, како и тие за Косово во УНЕСКО, да ја имаме во предвид позицијата на Европската Унија“, истакнал Дачиќ за Танјуг.

Инаку, позицијата на Европската Унија по однос на името на Р.Македонија е идентична со онаа на Грција, односно Бивша Југословенска Република Македонија.

Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име Републига Македонија, додека поголемиот број на земји не условуваат со БЈРМ.

Дачиќ во изјава за Танјуг укажува дека најавата дека официјално Скопје ќе гласа за членство на Косово во УНЕСКО имајќи ја во предвид позицијата на мнозинството земји членки на ЕУ, е „директно спротивна на сите досегашни изјави на македонскиот премиер Заев, дека Македонија ќе биде воздржана“.

Тој истакнува дека Заев освен во изјавите на оваа тема, ставот за воздржаност го изнел и пред премиерката на Р.Србија Ана Брнабиќ во Трст.

Промената на ставот, порачува шефот на српската дипломатија, „директно ќе влијае на нашите добрососедски односи“, укажува Дачиќ.

Претходно претседателот на Р.Србија Александар Вучиќ ијзави дека имаат силни докази дека во Македонија се спроведува силна офанзива против Србија. Оваа изјава ја потврди и премиерката Ана Брнабиќ.

Од Македонското МНР денес молк.

Во меѓувреме, потрпетседателот на владеачката СДС, дополнително ја влоши ситуацијата со изјавите дека Србите избегале по наредба на Москва, со тоа навредувајќи го нашиот северен сосед и ставајќи го во подредена позиција, истовремено обвинувајќи една светска супер сила и постојана членка во советот за безбедност во ОН, Руската Федерација.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This