СРЦЕ ДА ТИ ПУКНЕ: По 10 години потрага, Ѓоко Танески ја гушна сестра си оставена во Дом за сираци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поп-пејачот Ѓоко Танески имал 21 година кога дознал дека тој и неговите двајца браќа имаат биолошка сестра за која претходно не знаеле дека постои. Елена била дете на неговите родители, но бидејќи тие не биле во брак кога се родила, ја дале во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Една година подоцна отишле да ја побараат, но девојчето веќе било посвоено.

Танески првпат дознал дека има сестра еден ден по смртта на татко му. Ѓоко имал 21 година, а Елена тогаш имала 32 години. За сестрата дознал од тетка му.

„Елена ни е сестра и по татко и по мајка, а се родила додека не биле во брак. Поради низа околности, не можеле да го чуваат. По една година отишле да си го земат, но тоа веќе било посвоено. Не им давале никаква информација за неа, иако упорно барале”, рекол Ѓоко за Факултети.мк, а пренесува репортер.мк

Откако дознал дека има сестра, разговарал со мајка си. Таа му потврдила дека е вистина, па тој и браќата почнале потрага која траела 10 години. Елена ја нашле 2011 година, преку познајници дознале дека живее во Богданци.

„На првата средба излегував од просторијата за да земам воздух зашто ми снемуваше додека седевме. Замислете која е среќата кога ќе си ги запознаеш и сестрата и двете внучиња, кои веќе беа момче и девојка”, раскажал Ѓоко.

Елена знаела дека е посвоена, но за тоа никогаш не разговарала со родителите. Кога ја побарал Ѓоко, татко ѝ веќе бил починат.

„Знаете како е во малите места, жените зборуваат, децата слушаат… Мала бев, си игравме надвор и ми кажа другарче. Не разговарав со родителите за тоа. Ме копкаше, сакав да знам, на моменти си велев дека не сакам… Сакаш да знаеш кои ти се биолошки родители, анализираш што ќе биде ако прашаш, дали ќе ги повредиш родителите, што ќе ти кажат… Многу измешани емоции и стравови, а сакаш. Сум разговарала и со пријатели. Куп различни размислувања. Комплицирано е многу, верувајте”, рекла Елена.

Ѓоко ѝ се јавил со зборовите „Елена, овде е Ѓоко, твојот брат”.

„Ми значеше тоа. Тогаш разговарав со мајка ми, уште беше жива. Ми кажа да постапам како што сакам и дека ќе ја поддржи секоја моја одлука. Тоа ми го кажа и сопругот, секогаш ми бил поддршка. Децата веќе беа во средно школо и кога им раскажав, им дојде некако како приказна. Си ги запознав браќата, дојде време да ја видам и мајката. Никогаш не сум ја осудувала. Верувам дека сè се случило со причина”, додала таа.

По првиот разговор Елена со семејството отишла во Охрид.

„Се видовме. Се гушнавме, плачевме. Плачеа сите околу нас. Стоевме така неколку минути и само се гледавме. Потоа почнавме да муабетиме. Сега, по седум години, можам да ви кажам дека нашето плачење помина”, рекла Елена.

 

Извор: Репортер.мк

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This