СТАПКАТА НА КРИМИНАЛ ВО ОПАЃАЊЕ: Спасовски изјави дека криминалот во генерала опаѓа, но за 111% се зголемени случаите за криминал во службата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генерално, во Македонија криминалитетот има стапка на опаѓање, но за 111 насто имаме зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Прилеп каде безбедносната состојба ја оцени како стабилна.

– Стабилна е безбедносната состојба во Прилеп и во регионот. Имаме опаѓање на криминалитетот и на целата територија на државава, што значи ефикасни се оперативните дејства на полицијата, но евидентно е зголемувањето, за 111 проценти на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ на целата територија на Македонија. За тоа треба да се замислат сите функционери во државава. Тоа не смееме да го дозволиме бидејќи станува збор за средства на граѓаните. И самите знаете дека Прилеп е еден од градовите во кој оперираат групи, и не само во него, туку и во Македонија и на пошироките балкански простори и за тоа имаме посебен пристап. Но, генерално, има опаѓање на сите видови криминалитет. Сакаме да бидеме транспарентни. Мораме да ги јакнеме капацитетите на МВР, технички и човечки, се со единствена цел, граѓаните да бидат безбедни, изјави Спасовски.

Според Спасовски, во МВР се размислува и се прават анализи, Полициската станица во Прилеп да прерасне во Сектор за внатрешни работи.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This