СТАРО-НОВ ДИРЕКТОР НА МРТВ: Марјан Цветковски останува директор на МРТВ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекуваше во март годинава, но пред да се случи тоа програмскиот совет повторно го избра за директор. Цветковски не се прослави како директор на јавниот сервис, со оглед тогашната опозиција го обвинуваше за цензура, и не го направи достапен за сите граѓани избегнувајќи ги критиките на јавноста.

Актуелното раководство на МРТВ пред Нова година објави и интерен оглас за одговорен уредник на првиот програмски сервис, на местото на Диме Ратајковски, кој самиот поднесе оставка.

Според конкурсот, кандидатите покрај другото, треба да поднесат програма за работа на МРТ за три години и да имаат над пет години работно искуство во комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото. Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ трае три години со можност за реизбор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This