СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Мечка со решето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

17-ти фебруари 2013 година, еден часот и 17 минути по полноќ. Ми стигнува порака на мобилниот телефон од Зоран Заев. Ми вели: „Се гордеам што имам ваков другар во партијата.“ Тој истиот Заев, вечерва на митинг во Карпош кажува приказни дека ќе победел со 7.000 гласа разлика во мојата општина и ја исмејува тогашната моја песна „Не може нам нико ништа“. За истиот човек ли се работи? Маж ли е, вејка ли е?

Ако е толку сигурен дека неговиот кандидат ќе победел со 7.000 гласа разлика, тогаш зошто Стефан Богоев сеуште седи и зема пратеничка плата? Ако е сигурен во победата, зошто не си даде оставка?

Плаши мечка со решето, и си ги охрабрува своите 700-800 членови донесени од цело Скопје на митингот во Лептокарија. Што се однесува на мојата песна „Не може нам нико ништа“, јас барем знам да ја пеам, а тој не знае ниту да ја изрецитира.

Пак ќе прашам, ми бараше ли Зоран Заев 200.000 евра, или не? Ми даде ли ливче со оваа сума, или не? И, ја сака копијата или оригиналот?

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This