March 28, 2024, 11:39 pm

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СО ВИСТИНАТА: Кукавици!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2013-та година на локалните избори ме нвредуваа. Ме нарекуваа четник, шајкача, Шешељ, предавник. Ми облекуваа кучиња со моите промотивни маички, поставија венец со црн повез на кој пишуваше „Почивај во мир Стевче“ со запалена свеќа. На моите синови и тогаш кукавиците во раните утрински часови им ѕвонеа и им се закануваа, на секоја тараба пишуваа недолични содржини. Во првиот круг ги победив и ВМРО и СДСМ со 7.500 гласови разлика. А, во вториот Андреј Петров беше поразен со над 11.000 гласа разлика. Значи многу, многу повеќе и во првиот и во вториот круг отколку тие мене денес.

Знаев да се носам со победата, како што денес знам да се носам со поразот. Не пратив луѓе да ги тепаат, туку напротив, си започнав со мојата работа во општина Карпош.

Вечерва јас на 48% преброени гласови излегов и ферски им ја честитав победата. Честитав иако цел ден правеа заврзлами, се обидуваа да крадат ливчиња, фалеа ливчиња, не дозволуваа на мои активисти да носат гласачи, полицајци влегуваа во нивните домови да ги заплашуваат. Но сепак, ќе ја почитуваме народната волја.

Само 20-минути по мојот прес, дојдоа оние „академици“ и „Нобеловци“ – другари на Заев, неодамна пуштени од затвор да се пресметуваат со моите активисти. Најпрвин извадија лисици, да не исплашат дека наводно едниот од нив бил полицаец. Истиот тој, потоа извади и нож „скакавец“. А, третиот седеше во кола, снимаше и држеше огнено оружје во раката! Четвртиот командуваше со акцијата, и кога им даде знак да престанат, тие престанаа.

Сигурен сум дека тој што командуваше со акцијата беше полицаец. Се поставува прашање, како може полицијата да не делува превентивно и да не знае дека ќе дојде до ваков инцидент. Нормално е да не знае, затоа што во моментов крииналците и полицијата се на иста страна. Слават победа!

Кога се јавив кај командирот на полицијата, замислете, тој не знаеше каде ни се наоѓа штабот. Се ви е јасно понатаму!

Ако мислат дека ќе не уплашат многу згрешиле.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This