СТЕФАН БОГОЕВ ОТПУШТИ УШТЕ 50 ВРАБОТЕНИ: Продолжува бркањето од чистичка до министер и јадење живи луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партискиот реваншизам на новата власт не запира, власта на СДСМ се пресметува со партиските неистомисленици на сите нивоа на власта.

Стефан Богоев до крај ги спроведува партските политики на Заев, најавени уште на митингот во Валандово, за бркање од чистичка до министер и јадење живи луѓе.

Имено од 1-ви декември, 50 лица вработени во општина Карпош останаа без работа.  Ова е втор бран на отпуштања откако на 1-ви ноември исто така беа отпуштени 50 луѓе вработени во општината.

Отпуштањата на партиски неистомисленици, со цел празнење на институциите и создавање на простор за вработување на партиски кадри на СДСМ зема голем замав по победата на локалните избори. На почетокот на ноември беа отпуштени 17 лица од општинската администрација и детската градинка во Делчево, 15 вработени во општина Велес исто така се жртва на политички реваншизам, меѓу кои и една бремена жена.

Хуманоста е последна карактеристика на СДСМ, бремена жена во 7-ми месец од бременоста беше прераспоределена на работно место од општината во Комуналното претпријатие, да чисти улици на минусни температури, со голем ризик за нејзината бременост.

Имено, Заев јавно од партиска говорница кажа дека за него не постои мерит систем во администрација, до работна позиција онаму каде што СДСМ е на власт без разлика дали тоа било јавна и државна администрација или приватна фирма се доаѓа со книшка на СДСМ.

-Во Струмица овие 2744 луѓе се вработени со одлуки на кадрови комисии на СДСМ, од хегиеничарот во Еленица до некој директор коe е во некоја институција која што е под општината, одлучува кадрова комисија на СДСМ, моја задача е да го отворам работното место, како градоначалник кои што СДСМ го номинирала за да биде мандатор за градот Струмица да го води, тоа ми е задачата да ги отворам работните маста а кадровата комисија на СДСМ одлучува кои да биде вработен, истакна тогаш Заев.

Според Заев, тој само ги отвара работните места, а кадрова комисија на СДСМ  одлучува кој и како ќе тргне на работа. 

-Ако почитувани социјалдемократи пред се, Ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат, најави Заев.

Очигледно овој систем на работа кој Заев го практикувал во Струмица сега се применува во цела држава, се бркаат искусни професионалци, со цел отворање на места за партиските кадри на СДСМ. Заев јавно пред цела македонска јавноста кажа дека за него законите не важат. Заев од партиска говорница го прекрши Уставот, односно член 32, кој го гарантира правото на работа, начело кое гарантира слободен пристап за секој еден граѓанин до секое едно место.

На харитија да, во пракса не. Заев го крши Уставот со самиот чин што изборот кој ќе биде вработен, а кој не не го врши стручно тело на институцијата, туку партиска комисија на СДСМ, при што главен услов е членската книшка од СДСМ.

Бркањето од работа е само еден од начините на прогон и тортура кој го врши власта. Вработените во администрацијата секојдневно се жалат на огромен притисок и тротура од страна на директорите поставени од новата власт. Граѓаните секојдневно се жртва на партиско заробената држава, нема институции кои ќе ги заштита се се сведува на партијата на власт, која сака да одлучува за нивните судбини, притоа не толерирајќи ги различностите, во темел уривајќи ја демократијата и Уставот.

Политички реваншизам од вакви размери е невиден за европските простори. Република Македонија која според Устав и закон е паламентарна демократија, со одвоеност на трите власти и со почитување на човековите слсободи и права повеќе не постои. Република Македонија се претвори во држава заробена од партијата на власт и мала група на луѓе од врвот на истата.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This