СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЕДНОГЛАСНИ: Инвестираме поради добрата бизнис клима и поддршката од Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три нови странски инвестиции во Македонија за 500 вработувања. Лидер.мк ексклузивно дојде до плановите на три големи компании кои донесоа одлуки да вложат во земјава, да отворат нови капацитети и фабрики, да почнат производство.

cagataj-kablo-investicija

Лидер дознава дека индиската компанија „Малхотра“ (Malhotra Cables Europe Limited) донесе одлука да инвестира во земјава и да отвори фабрика за производство на кабли за автомобилската индустрија. Инвестиција доаѓа резултат на големите автомобилски гиганти кои влегоа и отворија капацитети во Македонија, бидејќи „Малхотра“ ќе работи за нивните потреби, а ќе извезува и во други земји од ЈИЕ. Лидер дојде и дописот со кој оваа инвестиција ги потврдува своите планови.

sub

Инвестицијата е вредна 10 милиони евра и ќе отвори 100 работни места. Фабриката е предвидено да се гради на 4 илјади квадратни метри. Изградбата на фабриката почнува на почетокот на иднава година, а истата година објектот ќе почне со активна работа.

Странскиот инвеститор веќе отворил фирма во Македонија, а анагажирана е и локална фирма за констултантски услуги.

„Проектот е одобрен како резултат на успешните преговори со Владата на Република Македонија“ – се вели во дописот од компанијата.

Нови фабрики во Македонија!

Во Македонија влегуваат три нови инвестиции. Грчката компанија „Секе“ и официјално почнува со своите инвестициски активности.

Решивме да дојдеме овде и да отвориме нова фабрика во Крушево. Сакам да му се заблагодарам на заменик – министерот кој навистина ни помогна и потоа го купивме официјалниот план од општината Крушево, сакам да му се заблагодарам и на градоначалникот на Крушево. Сега соработуваме со компанијата „Геинг“,  тоа е техничка компанија од Скопје со која ги правиме планови за проектит што ќе ги завршиме следниот февруари и потоа ќе ја изградиме фабриката во Крушево. Оваа фабрика ќе обработува 5 тони на час, тогаш ќе ги вградиме машините, а потоа за 12 години ќе биде за 300 и повеќе, секоја година планираме да купиме повеќе од 4000 тони тутун“ – вели сопственикот на компанијата, Александрос Кондос.

„Секе“ отвора 300 работни места, пред сè за жителите на Крушево и на Прилеп, а инвестицијата е вредна 5 милиони евра.

„Тоа во моментот ќе овозможи околу 300 или повеќе луѓе да добијат работа во Крушево, што за овој град е сериозна бројка, бидејќи според статистиките во моментов има околу 1.000 невработени лица, така што вработувањата во оваа странска инвестиција во голема мерка ќе помогнат во надминување на овој проблем во градот“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Компанијата „Секе“ има богата историја, основана е во далечната 1947 година од Александрос Мпалтаци. Во изминативе 69 години прераснува во еден од најреспектибилните преработувачи на тутун на светско ниво.  Бизнисот на оваа компанија се состои од купување, преработување и продавање на тутун.

Потврдена е и уште една инвестиција

Уште една компанијата планира да инвестира до 10 милиони евра во Македонија. Се работи за полската компанија „Лубринафт“, со богато меѓународно искуство во производството на хидраулични масла и други масла за подмачкување. Ќе инвестира во Неготино и ќе отвори нови 100 работни места.

Се работи за сериозен инвеститор, со претставништва во Словенија и Италија.

„Јас и мојот партнер имаме намера да инвестираме во Македонија. Веќе бевме во регионот, во Албанија, Црна Гора и други држави, но по разговори со претставници од Стопанската комора на Македонија, како и во соработка со Стопанската комора на Чешка и Словачка, се одлучивме да инвестираме и работиме во Вашата земја. Верувам дека во Македонија може да успее овој проект. Планираме во тек од една година да вработиме 100 луѓе и потоа во наредните години да ја зголемуваме таа бројка“ – вели инвеститорот Рудолф Јиржи Хорак.

Во Словенија имаат целосно автоматизирана фабрика за производство на масла, какои и акции во словенечката рафинерија за нафта „Мапетрол“. Поседуваат акции и во италијанската рафинерија за нафта „Аџип“. Сега целта е проширување на бизнисот на Балканот.

„Секој поминат ден за нас е нова борба за отворање работни места што претставува еден од најважните предизвици за граѓаните. Ние за разлика од нашите конкурентни ветуваме реални работи и сме посветени кон она што го прави животот подобар и поуспешен. Нема поголема сатисфакција од решените проблеми на граѓаните, нешто што постојано го правиме и го работиме. Економијата останува нашиот фокус, реализираме реални дела за реалните потреби на граѓаните, заедно ќе направиме многу повеќе. Работа, сигурност, напредок за силна, суверена и стабилна Македонија“ – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This