СТРУМИЦА НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА: Воздухот екстремно загаден во Скопје и Струмица, отровен и во другите градови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воздухот во главниот град есктремно загаден и за време на последното деноноќие, со измерени максимални 584 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, додека најзагаден град во последните 24 часа во Македонија беше Струмица со измерени 670 микрограми на метар кубен.

Високи отчитувања покажаа мерењата на сите мерни станици во Скопје. Кај Ректорат ПМ10 честичките синоќа се искачија до 362 микрограми на метар кубен, 313 во Карпош, 250 во Гази Баба, 202 во Центар, а највисоката измерена вредност на ПМ10 честички во Миладиновци во последните 24 часа беше 201.

Загадено беше и во другите градови во Македонија. Во Битола беа измерени 355 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, во Тетово максимумот беше 219, 165 во Кичево, 473 во Куманово, 461 во Кавадарци и 162 во Кочани.

Воздухот е загаден речиси низ целата република и утрово. Во Лисиче во 10 часот беа измерени 213 микрограми на метар кубен, 156 во Центар, 139 во Карпош, 150 во Гази Баба, 192 кај Ректорат, 108 во Миладиновци, 101 и 85 на мерните станици во Битола, 132 во Тетово, 69 во Кочани, 55 во Кавадарци, 109 во Куманово, 187 во Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This