СУДИРИ И ТЕНЗИИ ВО СДС: По оставката во СДС Струмица, тепачки и во Ресен – актуелното раководство сакало да се пресмета со Бузлевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За неполни две недели, Социјалдемократите од Ресен го претрпуваат и вториот удар, откако спротивно на барањето на членовите за генерален директор на МЕПСО беше назначен Сашо Василевски, кој во 2008 година успеа да го подели членството на СДС во Ресен, со кандидатурата за градоначалник од редовите на НСДП која во 2008-та беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Минатата недела, локалниот огранок на СДС во Ресен го доживеа и вториот удар откако за кандидат за градоначалник беше назначен Живко Гошаревски, инаку член на ВМРО-ДПМНЕ од раните деветесети, а во 2013 по исклучувањето од СДСМ стана советник од редовите на здружението „Обнова за Преспа“ на Димитар Бузлевски.
За иронијата да биде поголема, за сегашните избори своја кандидатура имале испратено 10 членови, од кои петмина биле активни учесници во отпорот и платеничката револуција.
Сето ова предизвикало незадоволство кај локалното раководство кое вечерва сакало и физички да се пресмета со Димитар Бузлевски, бидејќи токму тој ја диригира политиката на СДСМ во Ресен, наспроти легално избраното и заслужно членство.

Бузлески и претседателот на огранокот во Ресен Никола Станковски, заедно со неговиот брат, како што дознаваме вечерва си размениле низа вулгарности, а ситуацијата за кратко преминала и кон физичка пресметка. Присутните набрзо ги раздвоиле вжештените глави, и се разотишле.

По случката, на ФБ се огласил и претседателот на ОО СДС Ресен.

Во локалните ограноци на СДС врие по објавуањето на кандидатите за градоначалници. Голем дел од членството е разочарано, а локалните раководства си даваат оставки со образложение дека биле изиграни и излажани.

Вчера во СДСМ Струмица оставка си даде претседателот Марјан Даскаловски, силни реакции има во Карпош, а незадоволството кулминира и во ОО на СДСМ Битола.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This