СЦЕНАРИОТО НА МВР СЕ ОСТВАРУВА: МВР си најде виновник, и тоа по рецептот на кој што предупредувавме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски денеска како осомничен за убиството на Мартин Јанушев го посочи Филип Секуловски викан Кобра. Уште потрагично е што ни тој не е приведен, а не се приведени ниту лицата кои го поттикнале и му помогнале во ликвидацијата на Јанушев. Нема информации ниту дали е во земјава, ниту кој му помогнал да избега надвор.

Изминатиот период јавноста шпекулираше дека се подготвува сценарио за други лица да ја превземат вината за убиството. Ваквите сценарија произлегоа од информациите за поврзаност на криминалните структури со највисоките функционери на СДСМ.

Се шпекулираше дека и за сторителот кој ќе биде посочен, се подготвуваат олеснителни околности според кои бруталната егзекуција била извршена во самоодбрана, односно дека Јанушев имал намера да го убие, иако ликвидацијата се случува пред кафулето каде што седел, а убиецот доаѓа таму.

 

Во меѓувреме реагираше чичкото на Филип викан Кобра кој  на социјалните мрежи објави статус повикувајќи го неговиот внук самиот да се предаде во полицијата и да признае што направил, а на неговиот „пријател“ Раде Трајковски му порача да го ослободи неговиот внук од притисоци и манипулации.

Се уште и Филип и другите лица инволвирани во ликвидацијата на Јанушев се недостапни за МВР.  МВР дозволи убиецот да избега и да не се изведе пред лицето на правдата.

МВР не даде одговор зошто веднаш не распиша потерница иако во околината имало неколку очевидци, но и објекти кои се под видео надзор.

Нема одговор ниту кој го довел убиецот до местото на злосторството, ниту кој му помогнал да замине од таму? Нема одговор ниту со чие возило се превезувал, ниту каде е сега тоа возило?

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This