СЈО Е ДЕЛ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО: Хајката на СЈО е порака на Заев до медиумите кои не се под нивна контрола и потрупување на ВМРО со измислени случаи со цел дефокус од крајната цел – промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев кога вели дека нема никаква поврзаност со СЈО не ја кажува вистината, Заев лаже. СЈО е под целосно контрола на СДСМ и тие имаат континуирана дневна комуникација. Целта е во наредниот период, за да се спроведе оваа агенда, да се направат неколку акции истовремено, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто во Дневникот на Канал 5.

gruevski1

-Од една страна да се нападнат медиумите кои гласно говорат за ризиците во кои влегува Македонија. Влегоа во Сител, МПМ, Канал 5. Сега е под хајка и политички прогон газдата на ТВ Нова. Тоа е јасен сигнал за намерата што ја има СЈО и Заев за загушување на медиумите и на сите што мислат поразлично или што сакаат да ја спречат неговата агенда, истакна Груевски.

Тој додава дека втората работа која сакаат да ја прават е да се загуши ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа да се направи преку СЈО со потрупување со обвиненија за кои нема никакви докази. Важно е сите ние да се занимаваме со судови, секој втор ден да сме на некое рочиште, или пак некои луѓе да одат во притвор или пак некои други луѓе да одат да протестираат заради некој што неправедно е во притвор и да се дефокусираме од парламентот, да не се занимаваме со двојазичноста на цела територија, да не се занимавање со одење кон бинационалност и федерализација и конечно промена на името и идентитетот по грчки терк, посочи Груевски.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This