ТАРАВАРИ ЗАПОЧНА СО НОВА КАМПАЊА: „Вистината за ДУИ“ – Таравари и Алијансата за Албанците ќе ги откриваат сите скандали и криминали на ДУИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска ја зaпочна кампањата наречена “Вистината за ДУИ”, како што претходно најави дека ќе држи прес-конференции на кои ќе бидат обелоденети сите злоупотреби извршени од страна на поранешното раководство на Општина Гостивар, а кои ги констатирала внатрешната ревизија.

-Има полно скандали, почнувајќи од полицијата, образованието, областа на урбанизмот, работата на општинската администрација и така натаму. Неколку внатрешни ревизии веќе се завршени, некои се во тек, а со ревизии ќе се продолжи сè додека не се открие и последната злоупотреба. Денес, пред вас ќе го обелоденам случајот со кафетеријата кај ЈПССО “Риниа” – Гостивар. Овој локал му е изнајмен на лицето Гази Фејзи за надоместок од само 5.000 денари месечно и тоа за период од 20 години. А најскандалозен е фактот што оваа кафетерија го блокира влезот на спортската сала каде што се одржуваат натпревари во првата кошаркарска лига и се собираат повеќе од 2.000 гледачи на кои им се загрозува безбедноста. Втората работа, истата кафеана користи електрична енергија и вода од спортската сала, значи тоа го плаќаат граѓаните на Гостивар, посочи Таравари и додава дека со пари од Јавното претпријатие, се плаќале и одредени даноци и такси на кафетеријата.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This