Додека Македонија е во портокалова фаза заради екстремно високите температури и ја тресаат афери со криминални кадровски решенија во здравството, министерот Арбен Таравари ужива на некоја плажа.
Во својот двомесечен мандат две недели беше во САД, а сега е на одмор, оставајќи го зад себе здравството во кое предизвика вистински масакар.
Таравари на својот фејсбук профил објавил слика како ужива на некоја плажа, а во Република Македонија секојдневно се објавуваат скандалозни именување на директори на клиники кои се лица осомнчени за земање мито, осудени криминалци и низа други скандали.
Таравари се слика по плажи додека лекарите чекаат 100.000 денари плата, а жените во Шуто Оризари во 21 век гинеколог.