ТАЈНА СРЕДБА БЕЈЛИ-ЗАЕВ: „Стратешкиот“ партнер заедно со Заев планираат државен удар во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, имал тајна средба со американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, завчера попладне, дознава НетПрес.

bejli

Нашите извори велат дека средбата се случила во седиштето на СДСМ во околу 17 часот во вторникот. Бејли дошол со своето службено возило, опкружен од телохранители, а придружуван од уште неколку лица од амабсадата на САД.

Нема официјална информација за што се разговарало на средбата. СДСМ засега молчи, за разлика од пред неколку месеци кога Зоран Заев не се појави на судско рочиште во кое е обвинет, со оправдување дека имал средба со италијанскиот амбасадор во Скопје.

Оваа информација експресно брзо беше демантирана и тоа лично од италијанскиот амбасадор. Потоа, пак, излезе дека Заев всушност имал средба со некое лице, македонски државјанин што се водел како надворешен соработник во амбасадата.

Сепак, според досегашните чекори кои ги презема, очигледно е оти СДСМ оди на сценарио за извршување на државен удар во Македонија. Ова може да се заклучи и од најавите на СДСМ и нивни членови за насилно завземање на претседателското место во Собранието, како и подготвеноста и одлуката на оваа партија, заедно со ДУИ и со Зијадин Села, да направат влада, која ќе ја спроведе т.н. Тиранска платформа.

Какви ли сценарио, овојпат, подготвил Џес Бејли за Македонија заедно со Зоран Заев, останува да видиме.

СДСМ и Зоран Заев претходно со полна уста се фалеа во јавноста за секакви средби со разноразни вработени по амбасадите во Македониија, а сега е нејасно зошто молчат за средбата со американскиот амбасадор Џес Бејли во вторникот.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This