April 25, 2024, 12:32 pm

ТАЈНИ ТЕНДЕРСКИ ПОНУДИ ГИ ОТВАРАЛЕ НАД ТЕНЏЕРЕ СО ТОПЛА ВОДА: Јакимовски откри скандал со тендерите во општина Карпош!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, во колумната под наслов „Преваранти“ обелодени дека членови на СДСМ вработени во општина Карош кои членувале во општинската комисија за јавни набавки навечер ги ставале над тенџере со топла вода и со пареа ги отварале тајните понуди. Откако ќе ги виделе тајните понуди на останатите фирми, тие давале за три до пет илјади денари пониски понуди во однос на најниско понудната цена на тендери вредни десетина милиони денари. Ова тие го правеле во корист на фирми во сопственост на семејство на нивен колега

 

На инсистирање на „Инфомакс“ Јакимовски да ги обелодени имињата на лицата кои ги правеле овие кривични дела, тој со изговор дека во наредниот временски период ќе ги објави самиот, го одби нашето барање.

„Инфомакс“ стапи во контакт со вработени од општина Карпош за да провери дали ваквото грубо изигрување на јавните набавки било вистина, и кој тоа го правел.

Нашиот извор кој сакаше да остане анонимен, ги потврди информациите и обвинувањата за дел од лицата од комисијата за јавни набавки. Изворот посочува дека ова го правеле двајца членови од изборната комисија, додека третиот не бил инволвиран, а вклучен бил и еден раководтел на сектор кој што имал две негови приватни фирми и истите ги добивале овие тендери на ваков нечесен начин.

Нашиот извор потврдува дека лицето С.М. кое било и шеф на кабинет на екс-градоначалникот Јакимовски, како и лицето Б.Н. тогаш вработено како општински ревизор заедно со М.И. по работното време, во домот на М.И. ги извршувале овие активности, од кои М.И имал и личен интерес затоа што на тендерите учествувале две негови фирми. Една фирма на име на неговиот син, а друга на име на неговиот шура.

Дека С.М е човек од доверба на СДСМ покажува и фактот што на овие локални избори, истиот човек бил претседател и на ОИК. Тоа било причината зошто Јакимовски ја променил општинската комисија за јавни набавки за што посебно бил револтиран М.И. затоа што неговите две компании не можеле повеќе да добиваат тендери на ваков начин.

Интересно е да се напомене, дека подоцна во ваквите активности се влучил и помошникот-раководител за јавни набавки Д.Б. кој во моментов е шеф на кабинет на Стефан Богоев, но откако се добиени сознанија дека работел за интересите на двете фирми на неговиот колега и тој бил променет од позицијата.

Познавачите на сегашното работење во општина Карпош велат дека, сега му е „падната секирата во мед“ на шефот на кабинет Д.Б. за којшто како што велат извори од општината, има сознанија дека наводно барал рекет од фирми кои извршувале работи во општина Карпош.

Злобниците велат дека шефот на кабинет Д.Б. од овие нечесни активности заработил куќа на три ката со базен во Бардовци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This