ТАЊА КАРАКАМИШЕВА – ЈОВАНОВСКА: Ја гледате ли погубната стапица, Македонци?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно е дека на грчките политичари и натаму им смета член 49 од Уставот на РМ каде стои дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив“.

И покрај тоа што во 1992 година под директен притисок токму на Грција, Македонската страна се согласи да го дополни член 49, став 1 со уште еден став содржан во уставен амандман со кој се посочи дека „Републиката при тоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“, станува јасно дека и овој амандман не ги задоволи грчките апетити и интереси.

Но, позадината на ова грчко барање е страотна, запрепастувачки погубна за Македонците, секако за тие што знаат правилно да ја прочитаат и интерпретираат.

Сега, како што читаме по медиумите, со новиот договор се бара од македонските власти комплетно да се откажат од грижата за Македонците што живеат во соседните земји, односно да се откажат од Македонците што живеат во Егејскиот дел од Македонија, но и од Македонците што живеат насекаде во светот.

Ова нивно експлицитно барање значи јасно упатен ултиматум до Македонските власти повеќе да не смеат да покажат грижа за правата и за положбата на своите сонародници во Грција, но и на сите Македонци во светот поради фактот што НЕ СЕ ЕДНОРОДНИ СО НИВ!!!

Што значи ова?

Многу едноставно. Ако евентуално ние Македонците што живееме во нашата држава се согласиме и одлучиме да го промениме нашиот национален идентитет во Северно Македонци тоа ќе значи и де јуре и де факто разлика меѓу нас и меѓу Македонскиот народ што живее во Грција, но и Македонците што живеат во другите држави во светот.

Грчките власти не случајно бараат целосно бришење на постојната уставна одредба и нејзино усогласување со грчката формулација што постои во нивниот Устав.

А што вели нивниот Устав? Членот 108 1. од Грчкиот Устав на кој упатуваат Грците во договорот во делот на истородноста аналогно со грчкиот Устав гласи: „Државата мора да се грижи за емигрантите Грци и за одржување на нивните врски со Татковината. Државата ќе биде присутна во образованието, во социјалниот и професионално унапредување на Грците што живеат надвор од државата. Во посебен закон ќе бидат уредени прашањата поврзани со организацијата, функционирањето и надлежностите на Советот на Грци што живеат надвор, а чија што мисија е поврзување на сите грчки заедници ширум светот”.

Ако ние хипотетички сме согласни да го промениме нашиот идентитет во Северно Македонски тоа практично би значело дека ние тука Северно Македонците, и Македонскиот народ што живее во Егејскиот дел од Македонија или на друго место во светот НЕ СМЕ ИСТОРОДЕН НАРОД, ќе значи дека ние немаме ништо заедничко со Македонците што живеат во дијаспората, бидејќи никаде во светот не постојат и не живеат Северно Македонци.

Оваа нова кованица што ни ја смислија Грците како нова вештачка творба не е ниту случајна, ниту без јасна цел-таа треба да направи јасна разлика меѓу нас и другите Македонци, меѓу нас што живееме на територијата на државата Северна Македонија и никаде на друго место во светот, и нив другите Македонци.

Ние, Северните македонци нема да имаме ништо заедничко со Македонците што живеат во Грција или во другите држави во светот.
Со тоа практично ние доброволно се откажуваме од сите наши сонародници!

Самите ќе треба да се откажеме од милионите наши сонародници кои живеат надвор од нашата Татковина и нема да можеме да бараме нивна заштита или образование или културно заедништво со нив, бидејќи ќе бидеме народ различен од нив!

ОВА ДРАГИ МАКЕДОНЦИ Е КЛАСИЧЕН КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД ШТО ГРЦИЈА САКА ДА НИ ГО НАПРАВИ ВО 21 ВЕК, ВО ЕРАТА НА РАЗВОЈОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА!

ОВАА ЛАКРДИЈА НЕ СМЕЕМЕ ДА ИМ ЈА ДОЗВОЛИМЕ ПО НИТУ ЕДНА ЦЕНА!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This