ТЕПАЧКА ВО ШТИПСКИОТ ОПШТИНСКИ СОВЕТ: Советник на СДСМ го нападнал директорот на ЈП „Исар“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ повторно во недостаток на аргументи посега по насилство.

policija-4

Вчера советот на општина Штип на вонредна седница која ја одржал по барање на советничката група на СДСМ, го разгледуваше извештајот на ЈКП Исар Штип за состојбата со невремето која ја зафати општината.

Директорот на ЈКП Исар Штип, Ангел Бојаџиев, откако ги образложил активностите на претпријатието, ги посочил и одредени функционери од СДСМ на локално ниво со име и презиме кои не ги плаќале комуналните давачки кон општина, кои се основни за работа на општинското комунално претпријатие.

Меѓу посочените бил и советникот од СДСМ Мики Тодоров, кој патем е и секретар на ОО СДСМ Штип, кој најпрво го попречувал директорот, а потоа и во ходниците на зградата на општината физички го нападнал и му нанел повреди.

Случајот е пријавен во полиција.

Од СДСМ Штип молчат за насилството на својот партиски функционер. Оваа не е првпат СДСМ во очај да напаѓа и тепа политички неистомисленици. Ова е начинот на кој СДСМ ја поима демократијата и демократските вредности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This