ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ КАПИТЕНИТЕ НА ВАРДАР И ШКЕНДИЈА: Прекинат натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар – навивачите го гаѓале Грнчаров со предмети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реванш натпреварот од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Шкендија и Вардар е прекинат.

shkendija-vardar-640x294

До прекин на мечот дојде во 30-тата минута од средбата, кога по еден груб прекршок на Фелипе, капитените на двата тима Грнчаров и Хасани влегоа во вербална, а потоа и физичка пресметка, па главниот судијата Александар Страврев на двајцата им покажа црвен картон.

Публиката почна со навредливо скандирање, а додека Грнчаров го напушташе теренот кон него летнаа предмети. Веднаш потоа, фудбалерите на Вардар се повлекоа и во соблекувалната, затоа што од трибините навивачи се обиделе да влезат на терен.

Инаку актуелниот бранител на трофејот Шкендија има голема предност од првиот меч одигран во Скопје каде тетовската екипа забележа победа со 3:1.

На вториот меч од полуфиналето во Битола, меѓу Пелистер и Брегалница резултатот по првото полувреме е 0:0. Првиот дуел во Штим заврши со резултат 2:2.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This