ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ЗА КОИ САМИТЕ СИ СЕ ВИНОВНИ: Приватната параполиција го растураат безбедносниот систем на Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога поединечни сектори на безбедносните служби се приватизираа, никој не беше свесен за последиците. Комапаниите кои се бават зо безбедност се неприлагодени на предизвиците, а терористите и криминалците не им се плашат
britanija_parapolicija

Терористичкиот напад во Манчестер, кој однее 22 животи, се случи во простор кој прима околу 10.000 луѓе, а беше обезбедуван од приватно обезбедување
Една од сведоците на случувањата за британската телевизија „Скај Њуз“ изјавила дека забележала сомнителна жена, која ја пријавила на обезбедувањето, кое пак не направило ништо.

Златното правило на либерализмот гласи „што помалку држава“. Преведено на економски јазик, тоа значи дека државата треба што помалку да се меша во економските работи на своите граѓани. Ова правило е применето и на безбедносните службо, кои во многу свои делови се приватизирани.

Приватниот безбедносен сектор има повеќе димензии, вели експертот за тероризам Милан Пашански за Спутник.

„Приватниот сектор за безбедност е доста широк, распространет и може да поприми различни модалитети. Од одбрамбен систем, каде се во функција на заштита, до офанзивен, каде е сте во фунцкија на одредени егзекуции кои не можат да ги вршат државните органи, бидејќи тогаш би компромитирале одредена влада или држава“, објаснува Пашански.

Ангажирањето на приватните агенции за обезбедување на масовни случувања е проблематично, бидејќи во обезбедувањето на големи собири неопходна е соработка со разузнавачките и безбедносните служби. Тоа значи, вели Пашански, дека постои однапред одредена програма, со сегменти кои се пратат и изучуваат. Доста се важни и безбедносните параметри кои земјите ги имаат и кои безбедносните служб постојано ги пратат и анализираат.

„Приватните безбедносни служби би морале да го пополнуваат просторот помеѓу она што го прават професионалците и животот на обичните граѓани. Тоа се обично собири кои подразбираат обемна мера на обезбедување, но најважно е приватниот сектор да биде вклучен во целокупната процедура и стратегија која ја спроведува државниот систем за безбедност. Тие мораат да им даваат инструкции, да им одредат точен делогкруг на работа итн.“ – вели Пашански.

За обезбедувањето на важни личности и објетки обично се избегнува користење на приватно обезбедување, додава тој.

Приватизацијата на еден дел од безбедносниот апарат битно влијае на безбедносната ситуација во било која земја, а фактот дека се работи за параполициски или паравоени сили, кои не учествуваат во разузнавачката работа, влијае и на чувството на лагодност кај терористите, вели бившиот југословенски разузнавач Божидар Спасиќ.

„Тоа не се луѓе од кои терористите се плашат, со обзир на фактот дека позади нив не стои држава. Терористите единствено се плашат од државата, и тука е разликата помеѓу приватната и државната сопственост врз безбедносниот апарат“, вели Спасиќ.

Приватизацијата на безбедносниот апарат започна во Британија, се прошир во Америка, а подоцна и во другите Европски земји, објаснува тој. Сега постои низа компании кои се бават со безбедносни работи, но не можат да го надоместат она што го работат државните безбедносни служби, тврди Спасиќ.

Западните безбедносни служби го намалија својот апарат по завршувањето на Студената војна, а се фокусираа на внатрешна проблематика и сега не знаат како да се носат со новите предизвици, додава разузнавачот.

„Од тие причини, ние кои сме работеле разузнавачка работа, велиме дека системите денес се порозни. Сега веќе ништо не зависи од разузнавачките служби. Се, имено, зависи од терористите – дали ќе нападнат или не“, вели Спасиќ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This