April 25, 2024, 10:57 am

ТЕШКА И НЕИЗВЕСНА НОЌ ЗА ОХРИЃАНИ:Земјотресите не запираат, тлото се тресе и утрово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долга, неизвесна и непреспиена ноќ е зад охриѓани. Почвата во охридско не престана да се тресе и во текот на ноќта и утринава, а дел од граѓаните одлучија вечерта да ја минат на отворено.

Десетина земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.

Последниот потрес е регистриран пред околу еден час, со јачина од 2,6 по Рихтер.

Поради потресите многумина охриѓани не се вратија да спијат во домовите, а владее паника кај населението.

Се надеваме тлото ќе се смири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This