ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО БАНСКО: Четворица македонски државјани завршија во болница по тешкаа сообраќајка во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четворица македонски државјани завршија во болница откако синоќа настрадаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Добриниште-Банско, Бугарија, јави БГНЕС.

 

Автомобилот со македонска регистрација излетал од патот и се превртел неколку пати. Две амбулантни возила од Банско и од Разлог пристигнале на местото на настанот, а пожарникари го сечеле возилото за да ги извлечат повредените патници.

Сите повредени се во болницата во Разлог и се надвор од животна опасност. Повредени се тројца 48-годишни мажи и еден 41-годишен маж. Тие имаат различни повреди – контузии на градите, фрактури и повреди на екстремитетите.

Полицијата земала крв од возачот поради сомневање за употреба на алкохол, јавува БГНЕС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This