March 29, 2024, 12:45 am

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КИСЕЛА ВОДА: Мерцедес удрил во постојката и се превртел на кров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тешка сообраќајна несреќа вечерва околу полноќ се случи во населбата Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“ – пренесе Курир

Според информациите на Курир од терен, автомобил „Мерцедес“ со штипски регистерски ознаки, најверојатно прво удрил во автобуската постојка, по што продолжил да се движи во паркот зад неа удирајќи во бандера и на крај се превртел на кров.

Бројот на евентуално повредени лица не е познат, бидејќи според неофицијални информации во возилото нема никој.

На терен се полициски екипи и вршат увид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This