ТОА ШТО ГО ТИШТИ СДСМ И СОРОСОИДИТЕ: И покрај политичката криза и обидите за пуч, Македонија со економски резултати над очекувањата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската економија и покрај политичката криза забележува добри економски резултати, но и очекувања – како последната проекција на ММФ за раст од 3.2% во 2017. Ова се видувањата од Пролетните средби во Вашингтон со Светска банка и ММФ на кои учествуваат и министерот за финансии Кирил Миноски и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

 

opt-640x360

– Сите релевантни финансиски институции велат дека и покрај политичката криза македонската економија испорачува позитивни економски резултати. Минатата година ја завршивме со раст на бруто домашниот производ и наплата на приходи на релативно задоволително ниво, што продолжува и во 2017 година.

Буџетскиот дефицит се движи во рамки на Маастришките критериуми. Сите фундаменти на македонската економија се здрави и тоа дава позитивни резултати – вели министерот за финансии Кирил Миноски.

– Од аспект на ММФ и СБ македонската економија ќе продолжи да расте. Растот од 3% што го прогнозираат се должи на добрите фундаменти на македонската економија. Тоа е помалку од она што може реално да го постигне а причината е политичкото окружување – вели гувернерот на НБРМ Димитар Богов.
Инфраструктурните проекти биле оценети како позитивни за економијата на средбите на министерот за финансии Миноски со извршниот директор на ММФ Ентони Де Ланој и директорката на Светска банка за ЈИЕ Елен Голдстајн.

Светска банка, ЕБОР и Вентрална европска банка подржуваат прпекти од околу 1.5 милијарди евра во Македонија од кои најголем дел инфраструктурни.

– Коридорот X ќе биде комплетиран во јуни 2017 година, но интензивно се зборува со ЕБОР за финансирање на делниците на Коридор VIII односно автопатот Кичево- Гостивар, како и за третата фаза на пругата кон Бугарија. Ова се битни стратешки проекти. На краток рок обезбедуваат раст на БДП, но на долг рок даваат подобри услови за водење бизнис во РМ – вели Миноско.

На средбите на македонската делегација со СБ и ММФ било разговарано и за поддршка на малите и средни претпријатија во Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This