ТОДОР ПЕТРОВ: ОД КРАЈОТ НА МАНДАТОТ ДО НОВИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ СОВЕТНИЦИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ МАНДАТ, А ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ГО ЗАДРЖУВААТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

todor_petrov-150x150ОД КРАЈОТ НА МАНДАТОТ ДО НОВИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ СОВЕТНИЦИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ МАНДАТ, А ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ГО ЗАДРЖУВААТ МАНДАТОТ ДО ИЗБОРОТ НА НОВИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, НО НАЈМНОГУ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА! Еве и зошто…

Во согласност со членот 12 став (1) од Изборниот законик, “локалните избори за членови на советите и градоначалниците на единиците на локалната самоуправа ги распишува претседателот на Собранието.“ Во согласност со членот 35 став (1) од Законот за локалната самоуправа “членовите на Советот се избираат за време од четири години.“ Мандатот на членовите на Советот, а во врска со членот 8 ставовите (5) и (8) од Изборниот законик, започнува со верификацијата на мандатот на конститутивната седница на Советот, којашто се одржала пред четири години. Во согласност со членот 37 од Законот за локалната самоуправа “(1) Првата седница на новоизбраниот совет ја свикува претседателот на советот од претходниот состав најдоцна во рок од 20 дена од денот на завршувањето на изборите. (2) Ако советот не се свика во рок од ставот (1) на овој член, членовите на советот сами се состануваат и под претседавање на најстариот член на советот го конституираат советот во рок од десет дена по истекот на рокот од ставот (1) на овој член. (3) Ако седницата не се одржи во рок од ставот (2) на овој член ќе се распишат нови избори за членовите на советот, на начин утврден со закон.“ Во согласност со членот 16 став (1) од Изборниот законик “Изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во мај.“ Во согласност со членот 12 став (4) од Изборниот законик “од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.“ Локалните избори 2013 година се одржаа на 24 март и 7 април. Локалните избори за членови на советите и градоначалници на единиците на локалната самоуправа во 2017 година претседателот на Собранието требаше да ги распише најрано на 13 февруари а најдоцна на 6 март. За жал тие рокови се минато свршено време.

Мандатот на членовите на Советот не може да се продолжи со Закон, завршува дента кога пред четири години им бил верификуван мандатот на конститутивна седница на Советот на општината и градот Скопје. Во согласност со членот 49 од Законот за локалната самоуправа “Градоначалникот се избира секоја четврта година, на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со законот со кој се регулираат локалните избори.“ Во согласност со членот 52 од Законот за локална самоуправа “Новоизбраниот градоначалник ја презема должноста од претходниот градоначалник во рок од седум дена од денот на изборот.“ Во членот 37 став (4) точка (4) од Изборниот законик, Општинската изборна комисија и Изборната комисија на градот Скопје меѓу другото “ги утврдува резултатите од гласањето во општината и градот Скопје и на избраните кандидати за членови на советот, односно на избраниот градоначалник, им издава уверение за изборот веднаш по конечноста на изборите“.

Во согласност со Законот за локалната самоуправа и Изборниот законик, верификацијата на мандатот на членовите на совет ја врши советот на конститутивна седница. Иако во членот 8 став (5) од Изборниот законик се спомнува “верификацијата на мандатот на градоначалникот“, ниту Законот за локалната самоуправа ниту Изборниот законик не наведуваат кој му го верификува мандатот на градоначалникот, поради што за почеток на мандатот на градоначалникот се смета издавањето на уверението за изборот од општинската изборна комисија по конечноста на изборот. Законодавецот не утврдил мандат за време од четири години на градоначалникот, како за членовите на советот, туку дека “градоначалникот се избира секоја четврта година“ и “новоизбраниот градоначалник ја презема должноста од претходниот градоначалник во рок од седум дена од денот на изборот.“

Врз основа на Законот за локалната самоуправа и Изборниот законик, заклучокот: Мандатот на советниците е четири години од верификацијата на мандатот и им завршува во месец април годинава, во зависност кој совет кога ја одржал својата конститутивна седница. Мандатот на советниците неможе да се продолжи со Закон, затоа што нивниот мандат не е делегиран од пратениците односно Собранието, туку се избираат непосредно од граѓаните на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

Градоначалникот се избира секоја четврта година и функцијата ја врши до изборот на нов градоначалник, но не повеќе од изборот на советниците, а најмногу до крајот на календарската година. Бидејќи мандатот на градоначалникот не подлежи на верификација, дента на издавањето на уверението од Општинската изборна комисија за изборот веднаш по конечноста на изборите, се смета за почетокот на мандатот на градоначалникот, а крајот на мандатот е до преземањето на должноста од новоизбраниот градоначалник, но најмногу до крајот на четвртата календарска година, дента на изборот на советниците што се одржуваат заедно со изборот на градоначалник.

Собранието треба само да го измени рокот за одржување на изборите за членови на совет и за градоначалник во членот 16 став (1) од Изборниот законик наместо “првата половина во мај“, друг термин, но не подоцна од крајот на оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This