ТРАГЕДИЈА НА КЛИНИКА: Дете почина на детската клиника откако изгубило свест!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почина двеипол годишно дете од Велес на Детската клиника, потврдија за Канал 5 од Министерството за здравство.

Детето пред два дена било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест, односно тешка општа состојба со знаци на сепса и менингитис.

Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести.

Според неофицијални информации, детето веднаш не било пренесено на интензивната нега бидејќи немало место. Веќе Канал 5 објави дека токму на интензивната нега се располага само со шест места за итни деца, за што добивме и потврда од шефот на одделот Лилја Којиќ.

Раководството на клиниката и Министерството за здравство ги отфрлаат овие информации како шпекулации.

Од министерството информираат дека е пружена соодветна медицинска помош и дадена е соодветна терапија но и покрај сите напори на докторите детето кое лежело со бабата на клиника не ја повратило свеста и починало денеска во 15 часот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This