ТРАМП БАРА 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД ПОРНО АКТЕРКАТА:Наоколу зборувала за нивната врска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатската компанија која го застапува американскиот претседател Доналд Трамп и компанијата која и платила на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи за наводната афера со Трамп, побарале по судски пат од неа најмалку 20 милиони долари оштета поради повеќекратното кршење на тајниот договор.

Во барањето, “Blakely Law Group”, исто така бара парницата која ја започнала Даниелс за поништување на договорот, да биде префрлена од окружниот на сојузниот окружен суд.

Брент Блејкли, кој ја започнал постапката во име на Трамп и компанијата “Essential Consultants LLC”, не сакал да го коментира тој случај.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, поднела тужба во Лос Анџелес, тврдејќи дека договорот не е валиден и дека таа може јавно да зборува за својот однос со Трамп. Утврдила дека тој никогаш не го потпишал тајниот договор кој ја обврзувал на молчење за интимната врска меѓу нив двајца, која почнала во 2006. година, и траела неколку месеци, па бара поништување на договорот.

Адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, кој го потпишал тој договор, рекол дека во 2016. година, кога Трамп бил избран, со свои пари и платил на Даниелс 130.000 американски долари. Исто така изјавил дека ни организацијата на Трамп, ниту неговата кампања не учествувале во таа трансакција, иако не кажал јавно за што се наменети тие пари.

Адвокатот на Даниелс, Мајкл Авенати, изјавил дека неговата клиентка трпи притисоци од страна на претседателот и Коен.

“Сега се обидуваат да направат работата да се реши зад затворени врати, со приватна арбитража, без знаење на јавноста”, рекол тој.

“Едноставно кажано – тие сакаат да ја сокријат вистината од американскиот народ. Ние ќе се спротивставиме на тоа”, рекол тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This