ТРАМП БОМБАРДИРАЛ ПОРАДИ МАРКЕТИНГ: Знаејќи дека Сирија нема хемиско оружје, наредил ракетен напад за да се рекламира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД Доналд Трамп кога го наредил ракетниот напад на сириската воздухопловна база Шаират знаел дека сириските власти не користеле хемиско оружје во Хан Шејхуну (провинција Идлиб), соопшти американскиот новинар Симор Херш за германскиот весник „Велт“

Според информациите кои Херш ги добил од извори во американската разузнавачка служба и воените кругови, при донесувањето на оваа одлука Трамп не го земал во предвид мислењето на експертите, иако разузнавачките агенции го предупредиле дека не постојат докази за примена на хемиско оружје. Потоа Белата куќа за медиумите дала сопствена интерпретација за случувањата.

Новинарот наведува дека, за да се избегнат жртви помеѓу доушиците на американските служби, Москва однапред го информирала Вашингтон дека на 4.април воздухопловството на Сирија ќе изведе напад на Хан Шејхун со конвенционални гранати.

Весникот истакнува дека мета на воздушните напади на Хан Шејхун била еднокатна зграда во која се одржувале разговори на лидери на разни терористички групи. Според проценките на американските разузнавачи, во нападот се убиени четири терористички лидери.

Ноќта на 7.април САД изведоа напад со ракети „томахавк“ на воздухопловната база на сириската војска Шаират. Нападот е изведен под изговор дека таму постои складиште со хемиски супстанци.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This